Научниците открија кој е најздравиот зеленчук во светот

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) спроведе истражување во кое беа рангирани повеќе од 40 видови овошје и зеленчук според нивната нутритивна вредност. На првото место се најде листест зеленчук со максимален број бодови.

Зеленчукот е важен дел од балансираната исхрана, но некои видови се издвојуваат по исклучително високата концентрација на витамини, минерали и други корисни хранливи материи. Токму затоа американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) спроведе истражување во кое беа рангирани повеќе од 40 видови овошје и зеленчук според нивната нутритивна вредност.

На самиот врв на листата се најде поточарката – листест зеленчук со остар, пиперест вкус, која освои совршени 100 поени. Таа ги надмина кинеската зелка, блитвата, листот од цвекло и спанаќот.

Поточарката припаѓа на истото растително семејство како зелката, кељот, ротквицата и синапот, пишува „Daily Express“.

Според д-р Ејми Ли, раководителка за исхрана во компанијата Nucific, поточарката има бројни здравствени придобивки. Таа е богата со витамин А и калиум, и тоа во поголеми количини од обичната зелена салата. Покрај тоа, содржи и значајни количества витамин Ц, како и калциум, железо, витамин Е, витамин К и витамин Б6.

Истражувањето на CDC анализирало повеќе од 40 видови таканаречено „моќно овошје и зеленчук“, односно намирници поврзани со намален ризик од хронични заболувања. Научниците ја составиле листата врз основа на постојната научна литература и нутритивни препораки, а потоа за секоја намирница ја пресметале нејзината густина на хранливи материи.

Поточарката може лесно да се вклучи во секојдневната исхрана. Најчесто се додава во салати, сендвичи и обвивки (wraps), може да се меша во смути или да се користи како додаток во супи и други јадења.

Истражувањето покажало дека меѓу највисоко рангираните намирници доминираат зелени листести зеленчуци и растенија од семејството на зелката, додека морковот, доматот, бататот, цитрусите и бобинките најчесто се наоѓаат во долната половина на листата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс