Скопјани пред ново поскапување на парното од јануари

ЕСМ бара корекција на одобрените приходи поради повисоката цена на природниот гас. Од август сметките за парно во Скопје веќе се повисоки за 3,6 до речиси 6 отсто.

Парното греење во Скопје би можело повторно да поскапи од почетокот на 2027 година. Компаниите од секторот за топлинска енергија бараат корекција на одобрените приходи и повисоки тарифи. За цената, спеак, ќе одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од ЕСМ посочуваат дека природниот гас на берзата EEX/TTF во октомври бил околу 60 отсто поскап од цената што била земена предвид при одобрувањето на сегашните тарифи. РКЕ треба да ги провери пријавените трошоци и да утврди кои од нив се оправдани пред да одлучи дали и за колку ќе поскапи парното.


Парното веќе поскапи во август

Од 1 август сметките за централно греење во Скопје се повисоки за 3,6 до речиси 6 отсто, во зависност од операторот. Најголемо зголемување имаше кај домаќинствата што ги снабдува „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија порасна за 5,96 отсто.

е-Трн да боцка во твојот инбокс