Драматична промена на времето од 24 на само 9 степени за еден ден

По сончевиот петок, во сабота се очекуваат дожд и пад на дневната температура за 15 степени. Во недела ќе има сончеви периоди и малку потопло време.

Од 24 степени во петок до само 9 во сабота. Според прогнозата, најтопло во петок, 13 ноември, ќе биде околу 15 часот, кога температурата ќе достигне 24 степени. До 18 часот се очекува да се спушти на 19 степени.

Во сабота дожд и најмногу 9 степени

Во сабота, 14 ноември, се очекува дожд, со минимална температура од 4 и максимална од 9 степени. Највисоката саботна температура ќе биде иста со најниската што е прогнозирана за петок.


Какво време се очекува во недела и понеделник?

Во недела се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Најниската температура ќе биде 4 степени, а дневната ќе достигне 12. Во понеделник се очекува облачно време, со температури од 8 до 13 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс