Попладенво, заклучно до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од регистрираните пожари, седум се активни, два се под контрола, додека осум пожари се изгаснати.
Активни пожари има во: Општина Ресен: с. Бела Црква – с. Подмочани (борова шума и ниска вегетација);
Општина Сарај: с. Копаница – с. Радуша (нискостеблеста шума и ниска вегетација); Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и единечни дрвја); Општина Боговиње: с. Урвич (нискостеблеста вегетација); Општина Студеничани: над с. Палиград (мешана шума); Општина Брвеница: патот кон с. Челопек – с. Стримница (ниска вегетација); Општина Македонски Брод: с. Драгов Дол (ниска вегетација и шума).
Пожари под контрола има помеѓу општините Гостивар и Македонски Брод каде горат нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат и во општина Јегуновце во селото Копанце каде гори мешана шума.
Во текот на денот изгаснати се осум пожари меѓу кои и пожарите во општините Тетово, Брвеница, Старо Нагоричане, Илинден, Делчево, Богданци и Долнени.