Денеска се навршуваат точно 17 години од една од најголемите бродски несреќи во македонската историја. На 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот наутро, туристичкиот брод „Илинден“ потона во водите на Охридското Езеро. Во несреќата животот го загубија 15 туристи од Бугарија, додека останатите патници успеаја да се спасат со помош на екипажот и локалните катерџии.
Несреќата се случи на релација од пристаништето во Охрид кон манастирскиот комплекс „Свети Наум“. Бродот превезуваше вкупно 57 патници кога, на околу 250 метри од брегот во близина на автокампот „Елешец“, ненадејно се преврте и потона за помалку од пет минути.
Жртвите беа жители на пет бугарски општини: Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица. Повеќето од преживеаните патници беа спасени од околните бродови и приватни пловила што веднаш пристигнаа на местото на настанот.
Бродот извлечен од езерското дно на 19 септември 2009 година преку специјализирана операција. По извлекувањето, пловилото беше транспортирано и врзано во каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес.
Судските постапки за несреќата утврдија одговорност за техничка неисправност на кормиларскиот уред и преоптовареност, но сеќавањето кај граѓаните на Охрид и семејствата на жртвите секој септември одново се враќа на кобните води кај Елешец.