Мундијалот што се одружува во САД, Мексико и Канада, по многу нешта ќе остане запаметен како историски, пред се поради бројните новитети кои се воведоа како паузата за хидратација, јавното обраќање на судиите, чиповите во топките…
Но уште еден новитет ќе биде паузата на полувремето на финалниот меч која ќе трае речиси половина час односно 25 минути што е многу подолго од стандардните 15 минути.
Причината за овој потег е големиот музички спектакл што ќе биде организиран за време на полувремето, а на сцената треба да се појават светски ѕвезди како Џастин Бибер, Шакира, Мадона, БТС, Брн Бој и Колдплеј.
Шпанските медиуми истакнуваат дека оваа одлука на ФИФА, ќе и наштети на „црвената фурија“, која на Светското првенство ја гради играта на висок интензитет, брз проток на топката и постојан притисок врз противникот.
Толку долга пауза би можела да го наруши ритамот на играта и да го промени текот на финалето, особено за тимот на Луис де ла Фуенте, кој во претходниот дел од турнирот често ги кршеше ривалите токму во периодите кога одржуваа високо темпо.