Грција забрани социјални мрежи за деца под 15 години, примената почнува од јануари

Грчкиот парламент ја усвои забраната за користење социјални мрежи за деца помлади од 15 години. Новите правила ќе се применуваат од 1 јануари 2027 година, а платформите ќе бидат одговорни за проверката на возраста на корисниците.
Фото: kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Грција воведува старосна граница за пристап до социјалните мрежи, со образложение дека е потребна поголема заштита на здравјето и безбедноста на децата. Законот е усвоен, но забраната нема да се применува веднаш.

Премиерот Киријакос Мицотакис порача дека технолошките компании имаат околу два и пол месеца да подготват начин за проверка на возраста што истовремено ќе ја штити приватноста на корисниците.

Според грчката влада, целта е да им се помогне на родителите да го ограничат бескрајното скролање што им одзема на децата време за спиење, концентрација и дружење. Грција е меѓу седумте членки на ЕУ што со Европската комисија бараат решение за проверка на возраста.


Начинот на спроведување останува едно од главните прашања. Во дебатата пред гласањето, опозициските партии отворија дилеми за ефикасноста на целосната забрана, заштитата на личните податоци и можноста правилата доследно да се применуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс