Полицијата ги пронајде изгубените планинари во Тетовско, лицата биле пренесени во болница

Вчеравечер околу 22:10 часот, по организирана потрага, полицијата од СВР Тетово ги пронајде 12-те планинари од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово. Планинарите беа во добра здравствена состојба, соопшти МВР.

Потрагата започнала откако А.Р. од тетовското село Боговиње пријавил дека од 21:30 часот не можел да стапи во контакт со нив. Групата заминала на планина над село Пршовце за да стигне до „Доброшки езера“, а последен пат се јавиле од локацијата „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.

Планинарите се пренесени на преглед во Клиничката болница во Тетово.

е-Трн да боцка во твојот инбокс