Полицајците обвинети за „Пулс“ се изјаснија за невини

Обвинетите деветмина полициски службеници во случајот Пулс не ги признаа делата што им се ставаат на товар

Во кривичниот суд денеска се одржа рочиште против девет полициски службеници кои се обвинети во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Обвинетите деветмина полициски службеници во случајот Пулс не ги признаа делата што има се ставаат на товар, односно дека не ги извршиле потребните проверки и со тоа дискотеката „Пулс“ да добие лиценца-ова го кажа обвинителката на денешното судење за полицајците.

Пред судот, обвинителката Спасенка Андонова рече дека „полицајците не направиле проверки за нарушување на јавен ред и мир и не направиле проверки на терен за сообраќајно решение односно за безбедноста на сообраќајот, а што се услови неопходно потребни да се проверат за добивање на лиценца“.

„Со обвинението им се става на товар дека овие дејствија не се преземени од нивна страна, како резултат на тоа сепак е дадена согласност и врз основа на таа согласност е издадена лиценца која што овозможила овој клуб и натаму да работи и да остварува имотна корист“, рече Андонова.

Според адвокатите на полицајците се работи за селективна правда. Тие обвинија дека „недостасуваат писмени докази кои се многу важни за одбраната и од кои може да се види дека овие полицајци направиле се за да спречат да се случи трагедија’.

Намерата според адвокатите е да се обвинат што повеќе лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс