Search

Под земјината кора има повеќе вода отколку во сите океани?

Светската јавност дури неодамна сфати дека под земјината кора има огромен океан кој содржи повеќе вода од целата вода на површината на земјата. Научниците открија дека водата се складира во карпестата обвивка во состојба слична на сунѓер, која не е ниту течна, цврста или гасовита, туку во четврта состојба, известува списанието Indy100.com.

Научниот труд со наслов „Топење на дехидрација на врвот на долната обвивка“ објавен во 2014 година беше првиот што ги презентираше наодите од студијата.

„Минералот рингвудит е како сунѓер што апсорбира вода, има нешто многу посебно во кристалната структура што му овозможува да привлече водород и да ја зароби водата“, рече геофизичарот Стив Јакобсен.

„Мислам дека конечно гледаме докази за воден циклус на целата Земја, што може да помогне да се објасни огромната количина на течна вода на површината на нашата планета. Научниците со децении ја бараа оваа исчезната длабока вода“, заклучи тој.

Научниците дошле до ова откритие додека ги проучувале земјотресите и откриле дека сеизмометрите собираат ударни бранови под површината на Земјата. Од ова тие можеа да утврдат дека водата се чува во карпа позната како рингвудит.

Доколку карпата содржи само 1 процент вода, тоа би значело дека има три пати повеќе вода под површината на Земјата отколку во океаните.

Рунгвудит се наоѓа во обвивката на нашата планета и е слој од врела карпа помеѓу површината на земјата и нејзиното јадро. Тоа значи дека новооткриениот „океан“ не е огромен резервоар со течна вода. Наместо тоа, водата е содржана (заробена) во молекуларната структура на минералите кои се наоѓаат во карпата на земјината обвивка.

Извор: n1info.ba

Најново

Последни колумни