Почина познатиот италијански ди-џеј Рино Чероне

На 52 години почина познатиот ди-џеј од Неапол, Рино Чероне, кој со децении беше активен на денс сцената во Италија и низ светот, објавија италијанските медиуми.

Чероне беше познат ди-џеј и продуцент од Италија кој својата популарност ја стекна во андерграунд сцената во 1990тите години. Во музиката Чероне влезе преку рокот и панкот, но својата слава ја стекна на техно и прогресивната сцена.

Почнувајќи од мали клубови, Чероне стигна до настапи на големи фестивале насекаде низ светот, но до крајот остана клучен темел на ноќниот живот во Неапол.

Според неговите колеги, електронската сцена во Италија сега има една огромна дупка која никој не може да ја пополни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни