(ВИДЕО) Војник го искара американскиот секретар за одбрана: Молк и почит во секое време!

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и групата со која бил во придружба добиле укор од почесниот стражар на Националните гробишта Арлингтон во среда, откако некој се насмеал за време на фотографирање по церемонијата за Денот на ветераните.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и групата со која бил беа опоменати од стражар кај Гробот на незнајниот јунак на Националните гробишта Арлингтон во среда. Инцидентот се случил по церемонијата на положување венци со која се одбележува Денот на ветераните.

Хегсет ѝ се придружил на групата за фотографирање и некој се насмеал, што го поттикнало стражарот на американската армија кој го чува гробот да извика. „Сите посетители мора да одржуваат атмосфера на молк и почит во секое време“, рекол стражарот.

Според Си-Би-Ес Њуз (CBS News), меѓу луѓето на фотографијата пред опомената биле и советниците на Хегсет, Патрик Вивер и Тами Радабо, шефот на кабинетот на Хегсет, Рики Бурија, и сопругата на Хегсет, Џенифер Хегсет.


„Додека го одбележувавме овој свечен ден, војникот правилно и со почит ги потсети сите да го зачуваат редот и пристојноста“, изјави главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, во соопштение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс