„Пингвинот“ претстава за комплексноста на тагата, генерациски трауми и депресијата

В недела со почеток од 20 часот во Котур ќе се случи премиера на монодрмата „Пингвинот“ – авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог.

Концептот и режијата е на Тамара Стојаноска, а игра актерот Лео Поповиќ. Претставата е во продукција на независниот Театар „Златен Елец“ Скопје.

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог.

„Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, се уште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас.

Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни