Норвешка испадна во четвртфиналето по пораз од 2:1 по продолжениеја од Англија, со што остана без историски пласман во полуфиналето. Тоа сепак не ги спречи навивачите да ги слават своите играчи со неверојатна енергија.
Тимот слета на аеродромот во Осло, каде беше пречекан со традиционален водeн поздрав од, противпожарни возила, пред да продолжи со парада низ градот со отворен автобус. Огромни толпи под норвешкото летно сонце улиците и плоштадите пред Кралската палата уште рано попладне.
Играчите прво имаа аудиенција кај кралот Харалд, придружуван од престолонаследникот Хокон, принцезата Ингрид Александра и принцот Свере Магнус. Потоа излегоа на балконот на палатата за да ги поздрават илјадниците навивачи собрани подолу. Престолонаследникот Хокон ги предводеше присутните во популарното „веслање“.
Crown Prince Haakon of Norway beats the drum as the Norwegian people and the national team row together. pic.twitter.com/OFxL4x8Nhv
— Joakim 🌹🇳🇴🇪🇺 (@joakial_) July 13, 2026
Ерлинг Халанд, ѕвездата на турнирот, го пропушти последниот дел од прославата. Тренерот Стеле Солбакен објасни дека Халанд и Сандер Берге морале да заминат порано за да го фатат својот лет, откако враќањето на екипата од САД доцнело четири часа. Тоа значеше дека Халанд не успеа да се приклучи на „веслањето“ пред палатата.