Наместо класична промоција на нов музички проект, прес-конференцијата на Слаткаристика и „Дупер“ се претвори во вистински спектакл. Пред камерите и новинарите, Илчо седна на столче и почна да се шиша на нула, оставајќи ги присутните во неверување.
Зад необичниот потег стои кладба меѓу членовите на тимот, поврзана со снимањето на новиот музички спот.
Според нивното објаснување, Слаткаристика биле убедени дека спотот ќе биде завршен во договорениот рок и постојано повторувал дека „мора да го стигнат на време“. Од другата страна, Илчо и дел од екипата не верувале дека тоа е возможно, па паднала кладба. Кога спотот навистина бил финализиран навреме, станало јасно кој ќе ја плати цената.
Договорот бил едноставен, губитникот се шиша на нула.
Илчо не се обиде да ја избегне казната. Напротив, уште на прес-конференцијата ја исполни својата страна од договорот и дозволи машинката да ја заврши работата пред очите на сите присутни. Сето ова предизвика смеа, аплауз и бројни реакции, а снимките од шишањето за кратко време станаа една од најкоментираните теми поврзани со промоцијата на новиот проект на Слаткаристика и „Дупер“.