Колку пешачење е потребно за успешно слабеење?

Дознајте колку минути и колку чекори дневно се препорачуваат за успешно слабеење. Пешачењето е едноставен и ефикасен начин за подобрување на здравјето и намалување на телесната тежина.

Редовното пешачење е еден од наједноставните и најефикасни начини за намалување на телесната тежина и подобрување на целокупното здравје. Експертите советуваат дека со правилен ритам и континуитет може да се постигнат видливи резултати без големо оптоварување на организмот.

Пешачењето е физичка активност што позитивно влијае врз здравјето на срцето, крвните садови и зглобовите, а истовремено помага во согорување калории. Доколку целта е слабеење, се препорачува пешачење четири до пет пати неделно во траење од 50 до 60 минути. Дури и умереното темпо придонесува за подобро расположение и полесно одржување на физичката активност.

Количината на согорени калории зависи од телесната тежина, возраста, физичката подготвеност и брзината на движење. Луѓето со поголема телесна тежина обично трошат повеќе калории при иста активност, а побрзото темпо дополнително го зголемува енергетскиот расход.

Иако често се споменува целта од 10.000 чекори дневно, научните истражувања покажуваат дека и околу 7.500 чекори можат значително да придонесат за подобро здравје и контрола на телесната тежина. Доколку сте почетник, најдобро е постепено да го зголемувате бројот на чекори за околу 2.000 дневно, наместо веднаш да поставувате високи цели.

За полесно создавање навика, препорачливо е пешачењето да се практикува во исто време секој ден. Следењето на напредокот со паметен часовник или фитнес нараквица може дополнително да ја зголеми мотивацијата, а секоја дополнителна физичка активност во текот на денот придонесува за поголема потрошувачка на енергија.

Лицата кои досега воделе претежно седечки начин на живот треба да започнат постепено. Добар почеток е 25-минутна прошетка со неколку минути побрзо темпо во средината на тренингот, а потоа на секои две недели времетраењето може да се продолжува за по пет минути, сè додека не се достигнат препорачаните 50 до 60 минути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс