Тајните пенал-белешки на Пикфорд паднаа во рацете на Меси

По големата победа на Аргентина над Англија во полуфиналето на Светското првенство, аргентинските фудбалери пронајдоа нешто необично на теренот, шишето за вода на англискиот голман Џордан Пикфорд, со детални белешки залепени на него за тоа како да ги брани можните пенали на аргентинските играчи.

Според читачи од усни кои разговорот го дешифрирале за социјалните мрежи, Нико Гонзалез прв ги забележал белешките.

„Погледнете што најдов. Има белешки за Лаутаро, Хулијан…” рекол тој, откако член од стручниот штаб потврдил дека сите играчи се на списокот. Бидејќи белешките биле на англиски, Меси побарал некој да ги прочита, а Маркос Сенеси, кој зборува англиски, ја презел таа задача. „Пишува на која страна треба да се фрли голманот”, објаснил Сенеси.

Меси прашал дали има информации и за неговите пенали. Одговорот бил потврден: „За тебе, Лео, пишува: ‘Преправај се дека одиш лево, но фрли се десно’.” За Монтиел инструкцијата едноставно гласела да се фрли лево, додека за Паредес пишувало да застане лево, а да се фрли десно. Меси на откритието реагирал со насмевка и клацкање со глава, коментирајќи: „Значи, голманот навистина добро проучил како изведувам пенали.”

Натпреварот сепак не стигна до пенали, откако Аргентина стигна до победа со 2:1 во судиското продолжение. Пикфорд, инаку, е познат по користење слични алатки за помош на важни турнири, вклучувајќи и слична тактика која му помогна на Евро 2024 против Швајцарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс