Петгодишно дете од Гостивар се затруло со апчиња

Детето во контактибилна состојба било донесено во болница и по укажаната првична медицинска помош, било префрлено на Детската клиника во Скопје

Во гостиварската болница поради труење со лекови било донесено 5 годишно дете од селото Чегране.

Од СВР Тетово информираат дека мајката на детето (25 години) рекла дека настанот се случил околу 17 часот, додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа.

Детето ги зело апчињата на бабата и ги голтнало, по што кај него се појавиле компликации.

Детето во контактибилна состојба било донесено во болница и по укажаната првична медицинска помош, било префрлено на Детската клиника во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс