Пет лица во Конго се опоравиле од ебола

Лекарите сè уште работат на развој на вакцини и терапии, но тоа не значи дека луѓето не можат да се опорават од ебола

Во Конго, пет лица се опоравија од редок вид ебола, објави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус за време на посетата на епицентарот на епидемијата.

„Четири лица ќе бидат отпуштени денес, а едно беше отпуштено завчера“, рече Гебрехезус за време на отворањето на новиот центар за третман на ебола во Бунија, главниот град на покраината Итури, каде што се регистрирани повеќето случаи на инфекција.

Тој додаде дека лекарите сè уште работат на развој на вакцини и терапии, но тоа не значи дека луѓето не можат да се опорават од ебола.

СЗО во петокот соопшти дека еден пациент се опоравил од вирусот Бундибугио, сегашниот сој на ебола, за кој не постои одобрен третман или вакцина, што е прв случај на закрепнување за време на тековната епидемија.

Најновите податоци на СЗО покажуваат 906 проценети случаи и 223 проценети смртни случаи во Конго во новата епидемија, додека соседна Уганда има девет потврдени случаи и еден смртен случај.

„Лекари без граници“ (MSF) објавија дека болеста се шири побрзо од организацијата на здравствените институции и помошта на хуманитарните организации и повикаа на итно заострување на тестирањето за болеста.

Опасностите со кои се соочуваат здравствените работници се зголемени од гневот меѓу локалните жители поради строгите медицински протоколи за ракување со телата на жртвите, кои се спротивни на погребните обичаи.

Жителите извршија најмалку три напади врз здравствените центри откако започна епидемијата.

Нападите од бунтовничките Сојузнички демократски сили, единица што соработува со Исламската држава, како и локалните милитантни групи го отежнуваат лекувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс