Сервисот ChatGPT, развиен од OpenAI, денеска беше недостапен за голем број корисници ширум светот, откако системот престана да функционира нешто по 17:30 часот (по локално време во регионот). Според извештаите, алатката не одговарала на корисничките барања, а кај дел од корисниците не се вчитувала ниту самата веб-страница. Прекинот траел околу час и половина, при што во тој период сервисот или бил целосно недостапен или работел со сериозни потешкотии.
Околу 18:00 часот, системот постепено почнал повторно да функционира, а пристапот бил обновен за поголемиот дел од корисниците.
Засега нема официјални детали за причините за прекинот, но ваквите инциденти повторно ја отвораат темата за зависноста од дигитални алатки и стабилноста на глобалните технолошки платформи.