Пад на Волстрит: Продолжува распродажбата во секторот на чипови

Аналитичарите предупредуваат дека инвеститорите во моментов се соочуваат со двоен ризик – растечки геополитички тензии и повисоки цени на енергенсите, што дополнително би можело да ја поттикне инфлацијата и да ги задржи каматните стапки на високо ниво.

Американските берзи забележаа значителен пад во средата, откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, сигнализираше дека преговорите со Иран траат „предолго“ и се закани со нови воени акции.

Индустрискиот индекс „Дау Џонс“ падна за 953 поени или 1,87 проценти и затвори на 49.918 поени. Индексот „Стандард енд Пурс 500“ загуби 1,62 проценти и заврши на 7.266 поени, додека технолошкиот индекс „Насдак“ падна за 1,98 проценти на 25.169 поени. Пазарите негативно реагираа по изјавите на Трамп дека САД би можеле „многу силно“ да го нападнат Иран. Американскиот претседател оцени дека Техеран предолго одолговлекува со преговорите за можен договор и порача дека Иран „ќе мора да ја плати цената“.

Во меѓувреме, цените на нафтата повторно пораснаа. Американската сурова нафта достигна цена од над 90 долари за барел, додека цената на нафтата Брент се искачи над 93 долари за барел. Инвеститорите стравуваат дека дополнителна ескалација на тензиите околу Ормутскиот Теснец би можела сериозно да го наруши глобалното снабдување со енергенси.

Особено погоден беше секторот на полупроводници. Акциите на компаниите „Микрон Технолоџи“, „Еј-Ем-Ди“ и „Бродком“ продолжија да паѓаат, додека фондот што го следи секторот на чипови загуби повеќе од три проценти.

Аналитичарите предупредуваат дека инвеститорите во моментов се соочуваат со двоен ризик – растечки геополитички тензии и повисоки цени на енергенсите, што дополнително би можело да ја поттикне инфлацијата и да ги задржи каматните стапки на високо ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс