Оваа година зимското сметање на времето почнува порано, часовниците еден час наназад

Во 3 часот по полноќ стрелките ќе се вратат на 2 часот, со што таа ноќ ќе трае еден час подолго и ќе почне зимското сметање на времето
Фото: Michael Garnett/Flickr

Последната недела во октомври ќе преминеме на зимско, односно стандардно сметање на времето. Промената ќе се случи во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 октомври 2026 година.

Во 3 часот наутро часовниците треба да се вратат еден час назад, на 2 часот. Повеќето мобилни телефони, компјутери, паметни часовници и други уреди поврзани на интернет автоматски ќе го приспособат времето. Рачно треба да се наместат аналогните часовници и уредите без автоматска синхронизација.

Со промената, сонцето ќе изгрева и ќе заоѓа порано според часовникот. Тоа ќе значи повеќе дневна светлина во утринските часови, но и порано стемнување во попладневните часови.

Сезонското поместување на часовникот продолжува и во 2026 година, иако во Европската Унија со години се води дебата за негово укинување. Европската комисија во 2018 година предложи да престане менувањето на времето двапати годишно, но земјите членки сè уште не постигнаа конечен договор за тоа дали трајно да се задржи летното или зимското време.

Во анкетата што тогаш ја спроведе Европската комисија, 84 проценти од учесниците се изјаснија против сезонското поместување. Сепак, предлогот остана блокиран поради различните ставови на државите и стравувањата дека неусогласените одлуки би можеле да создадат проблеми во транспортот и прекуграничното работење.

Преминувањето на летното сметање на времето во 2027 година е предвидено за последната недела во март, освен ако во меѓувреме не биде донесена поинаква одлука

е-Трн да боцка во твојот инбокс