Откритие што ги плаши физичарите: една честичка може да го уништи Универзумот

Научниците предупредуваат дека Хигсовиот бозон, познат и како „Божја честичка“, може да укажува дека Универзумот се наоѓа во нестабилна состојба, што во екстремен теоретски сценарио би можело да доведе до негов крај преку т.н. „Големо голтање“.
{"shape": [8800, 8800, 3]}

Новите теоретски истражувања во модерната космологија отвораат можност дека крајот на Универзумот можеби не е само прашање на далечни космички процеси, туку и на однесувањето на една единствена субатомска честичка, Хигсов бозон.

Според физичарите, оваа честичка, која е поврзана со Хигсовото поле, игра клучна улога во тоа што материјата има маса и што Универзумот е стабилен во формата што ја познаваме. Но проблемот, велат научниците, е што мерењата укажуваат дека Универзумот можеби не се наоѓа во својата најстабилна состојба, туку во т.н. „лажен вакуум“ метастабилна фаза која на долг рок може да се промени.


Современата физика нуди неколку сценарија за крајот на сè: „Големо замрзнување“ – Универзумот продолжува да се шири, станува сè постуден и потемен, додека сè не исчезне во речиси празен простор. „Големо стиснување“ – гравитацијата го повлекува Универзумот назад во колапс. „Големо распарчување“ – темната енергија го растега просторот додека сè не се распадне.

Најзагрижувачката теорија: „Големо голтање“

Најдраматичниот сценарио е поврзан токму со Хигсовото поле. Ако тоа поле одеднаш премине во пониска енергетска состојба, би можело да дојде до т.н. вакуумски распад.

Во таков случај: физичките константи би се промениле, атомите би се распаднале, законите на физиката би станале сосема различни.

Овој процес е познат како „Големо голтање“ (Big Slurp) — сценарио во кое Универзумот буквално би преминал во сосема нова форма, со непредвидливи својства.

Што велат научниците?

Иако ова звучи драматично, физичарите нагласуваат дека станува збор за исклучително теоретски модели, засновани на квантна физика и мерења од големи акцелератори како ЦЕРН. Сепак, токму ваквите истражувања би можеле да помогнат да се разбере конечната судбина на Универзумот, без разлика дали таа е замрзнување, колапс или целосна трансформација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс