Полициски службеници на Граничниот премин Табановце приведоа шеесет и двегодишен австриски државјанин откако при контрола на неговото возило кампер пронајдоа два пиштола и муниција. Осомничениот со иницијали П.Р. патувал со возило „фиат“ со австриски национални ознаки и влегувал во државата во средата во 18:00 часот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При детална гранична контрола и преглед на камперот и приколката со која управувал австрискиот државјанин, полицијата открила еден гасен пиштол и еден револвер. Покрај оружјето, во возилото се наоѓале и две пакувања со муниција: едно со 90 дијаболи и второ пакување со 22 иницијативни каписли. Сите пронајдени предмети се веднаш одземени од страна на службените лица.
За настанот веднаш бил запознаен дежурен јавен обвинител. Приведениот шеесет и двегодишен возач е предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово за натамошна постапка. Од полицијата наведуваат дека по целосното документирање и расчистување на случајот, против австрискиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.
