Извршниот директор Сем Алтман водел разговори директно со претседателот Доналд Трамп, министерот за трговија Хауард Латник, и министерот за финансии Скот Бесент.
Уделот од 5 отсто, врз основа на рекордната рунда на финансирање од март оваа година кога компанијата беше проценета на 852 милијарди долари, изнесува околу 42,6 милијарди долари. Тоа е повеќе од целата сума што владата ја платила за својот удел во Интел.
Алтман предложил уште поширока рамка. Според неговиот план, водечките американски развивачи на вештачка интелигенција, потенцијално вклучувајќи ги Google, Meta и Anthropic, секој би издвоил 5 отсто од сопственото сопственичко учество во јавен фонд моделиран според Постојаниот фонд на Алјаска, кој ги инвестира приходите од нафта на државата и исплаќа годишна дивиденда на жителите.
„Целта не е само да им се помогне на луѓето низ економската промена откако одлуките веќе се донесени, туку да им се даде удел и глас во обликувањето на таа промена”, наведе OpenAI во објава на блогот.
Владата на Трамп претходно веќе презеде слични чекори, стекнувајќи удел од 10 отсто во производителот на чипови Интел, вреден 8,9 милијарди долари, и удел во ИБМ и неколку компании за квантно пресметување.,
Разговорите сè уште се во рана, „концептуална” фаза, а секоја конечна спогодба веројатно ќе бара акт на американскиот Конгрес. Алтман, според извештаите, разговарал и со сенаторот Берни Сандерс, кој се залага за уште поамбициозна верзија на предлогот, каде владата би стекнала удел од 50 отсто во сите големи AI-компании.