ОКТА воведува попуст од 2 денари за бензините

Оттаму додаваат дека се очекува придонесот на Компанијата ОКТА за поддршка на пазарот да надмине 7 милиони евра

Компанијата ОКТА донесе одлука да воведе привремен попуст од 2 денари по литар бензин (95 и 98 октани) во периодот од 2 до 16 јуни 2026 година.

„Оваа иницијатива е продолжение на серијата мерки за поддршка што ги спроведува ОКТА од март оваа година, а имаат за цел ублажување на влијанието на нестабилноста на меѓународниот пазар врз домашниот пазар на горива.

Попустот ќе важи за трговците кои работат на продажба на големо и мало и набавуваат бензин од ОКТА. Со оваа мерка компанијата им овозможува поддршката да ја рефлектираат во цените што им ги нудат на крајните потрошувачи. Како и досега, големопродажните и малопродажните трговци самостојно ќе ги утврдуваат своите крајни малопродажни цени, во согласност со нивните комерцијални политики и пазарните услови“ велат од компанијата.

Оттаму додаваат дека се очекува придонесот на Компанијата за поддршка на пазарот да надмине 7 милиони евра.

„Истовремено, ОКТА останува посветена на обезбедување сигурно и непречено снабдување со горива, притоа зачувувајќи ја долгорочната стабилност на своето работење и синџирот на снабдување“ се наведува во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс