Од утре обилен дожд, во вторник снег на повисоките планини

Во целиот период на повеќе места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар, а пообилни врнежи се најавуваат особено во недела

Од утре, 9 октомври, до средината на следната седмица Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност, која ќе донесе дожд, локално пообилен, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во целиот период на повеќе места се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар, а пообилни врнежи се најавуваат особено во недела. Локално се очекува и невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Во вторник, под влијание на постуден воздушен бран, дождот на некои од повисоките планини ќе премине во снег.

Во Скопје дожд, од понеделник и пад на температурата

Во главниот град времето од утре до средината на следната седмица ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од скопската котлина врнежите ќе бидат обилни, проследени со ретки грмежи.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне, според најавата на УХМР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс