Kога зборуваме за правата на жените, често зборуваме за нив во минато време и како завршена работа. Жените добиле правото на глас. Ги добиле правото на образование, правото на сопственост…
Зборот „добиле” е проблемот, затоа што никој не им „дал” ништо. Секое право било изборено, со години, со затвори, со изолација и со крв. Системот не отстапил туку бил принуден.
Да не забораваме дека светот со векови не бил дизајниран за жени туку да ги контролира жените и ова е правен и историска факт. Со векови жената не можела да поседува имот, не можела да склучи договор, не можела да отвори банкарска сметка, да гласа, учи на универзитет, да трча на маратон, да се натпреварува на Олимпијада, да биде сведок на суд…
Овие не биле „случајни” пропусти на законодавецот. Тие биле систематски одлуки на систем кој жената ја дефинирал правно, морално и социјално како ресурс, а не како субjект. Нешто кое се поседува, не некој кој поседува.
1848: правото на сопственост. Прво „не”, потоа „да”
Во јули 1848 година, жени во Сенека Фолс, Њујорк, организирале конвенција и донеле документ кој барал основни права. Меѓу нив и правото на жената да поседува имот. Одговорот на општеството бил подбив и осуда. Весниците ги нарекле „лудо” и „неприродно”. Религиозните авторитети цитирале Библија. Политичарите молчеле или се смееле.
Борбата за правото на сопственост траела деценија по деценија. Некои сојузни држави во САД го признале, потоа го одземале, потоа повторно признале. Во Британија, Married Women’s Property Act бил донесен дури во 1882 година и тогаш само делумно. Целосна правна рамноправност во сопственоста дошла дури во 20 век, во различни земји, во различни декади.
1893: правото на глас. Прво потписи, потоа закон
На 19 септември 1893 година, Нов Зеланд станала прва самоуправувачка земја во светот која во закон го вградила правото на жените да гласаат на парламентарни избори. Тоа не се случило преку добра волја на политичарите. Се сучило преку децени на организирана борба која ја водела Кejт Шепард, а кампањата резултирала со масовни петиции до Парламентот. Во 1891 собрани биле над 9.000 потписи, во 1892 речиси 20.000, а во 1893 скоро 32.000 потписи, речиси четвртина од возрасното женско население на земjата.
Противниците предупредувале дека нарушувањето на „природните” родови улоги на мажите и жените може да има страшни последици. Ликерската индустриjа, плашejќи се дека жените ќе поддржат забрана на алкохол, лобирала против. Законот поминал со 20 наспроти 18 гласови. За две гласа.
САД правно го гарантирале правото на глас за американските жени дури во 1920 година. Британија доделила целосни права на глас за жените дури во 1928 година. Поголемиот дел на светот чекал уште подолго. Швајцарија до 1971. Португалија до 1976. Кувajт до 2005.
1975: банкарска сметка без потпис на сопруг
Ова не е средновековна историja туку живата меморија. Во САД, до 1974 година, банките легално можеле да отфрлат барање за кредитна картичка поднесено од жена без потпис на нejзиниот сопруг или татко. Законот Equal Credit Opportunity Act бил донесен во 1974 година, а целосно имплементиран во 1975 година. Тоа значи дека жена која денес е на педесет и нешто години, во нejзиното детство нejзината маjка не можела самостоjно да отвори банкарска сметка
Олимпиjадата и маратонот: дури телото беше ограничено
Контролата не запрела на правата. Се проширила до телото. Жените биле исклучени од модерните Олимписки игри кои започнале во 1896 година. Основачот Пиер де Кубертен jавно изjавил дека женското учество би „непрактично, незанимливо, не-естетско и некоректно”. На жените наjпрво им билео дозволено да се натпреваруваат во некои дисциплини во 1900 година. Атлетиката за жени влегла во програмата во 1928. Маратонот за жени дури во 1984.
До 1967 година, жените официjално не можеле да трчаат на Бостонскиот маратон. Тогаш Кjатрин Свицер се регистрирала под иницjали, и за врeме на трчањето организаторот физички се обидел да ja истурка надвор од трасата. Таа продолжила. Тоа е фотографиja останала симбол на феминизмот.
Денес: 40 отсто од глобалниот капитал
Денешните бројки се историски и жените денес контролираат 40 отсто од глобалниот капитал. Тоа е резултат на децении на правна еманципациjа, образование и економска активност. Но броjот не смее да се чита само како победа. Треба да се чита и во контекст. Ако жените се половина од светското население, 40 отсто значи дека уште не сме стигнале до рамноправност. Тоа значи дека 60 отсто е сe уштe под машка контрола во економска смисла. Jазот во платите постои, исто како и во лидерските позиции и во политичкото претставување. Правата се освоени, но структурата сe уште не е рамна.
Стариот систем не исчезна. То само се адаптира
Механизмите за контрола не исчезнале со добивањето на правата. Тие се преселиле.
Денес не се гласат закони кои жената jа прогласуваат за сопственост, но се гласат закони кои го регулираат нejзиното тело, кога може да роди, под кои услови, со колку поддршка. Денес нема правни забрани за образование, но постои економски систем кoj жената jа казнува за маjчинство и jа наградува за достапност. Денес нема правна забрана за гласање. Но постои политичка култура коjа женскиот глас и физички и метафорички, jа поставува на работ. Старите механизми на контрола сe уштe се тука. Само не носат иста ознака.
Темелите на женската независност постоjат. Но тие се свежи. Многу свежи. И кршливи на начини кои генерациjата коjа ги изградила го разбирала подобро отколку ние. Слободата не е награда не е подарок. Не е отстапка на еден добронамерен систем. Таа била изборена. И уште се брани.