Изминатиот продолжен викенд на граничниот премин Богородица-Евзони се формираа колони кои, во одредени часови, траеле и до 2,5 часа. Причината новиот европски систем за влез и излез ЕЕС, кој на 10 април стапи на сила на сите надворешни граници на Шенген зоната. Ова беше само продолжен викенд, спред летото кое носи десетократно поголем сообраќај. Туристичката комора предупредува на колони до 10 часа. Премиерот советува да се останува дома. Одговорот од Грција за исклучок на македонските туристи сè уште не пристигнал.
Евзони, продолжен викенд: сликата која го кажува сè
Грција привремено го суспендирала системот ЕЕС за првомајските празници, тврдат патниците кои одлучиле за продолжениот викенд да одморат покрај море. Граѓаните велат дека поминале без скенирање и без земање отпечатоци. „Еве еден позитивен апдejт од Евзони од 30-ти април: Грците не не тераа да давами отисоци, така да и покрај тоа што имаше 7-8 коли пред нас, многу брзо поминавме граница”, пишува граѓанин во групите на социјалните мрежи.
Но тоа не важело за сите и не во сите часови. „Утрово влеговме во Грција и беше ненормална гужва, чекавме 2,5 часа и кога дојдовме на ред имаше само контрола на пасошите”, пишува друг граѓанин.
Ова е клучот на целиот проблем. Грција го применува системот флексибилно, без јавни критериуми, без гаранции, по проценка на граничниот службеник во тоj момент. Денот кога ке одлучат да скенираат и земат отпечатоци, колоните ке бидат мерени со часови. Денот кога ке решат да олеснат, ке поминете брзо. Македонскиот турист не знае кое сценарио го чека пред да тргне.
Зошто воопшто постои ЕЕС и со што ни ги замени печатите
ЕЕС не е нова идеjа. Системот е планиран со години, одлаган повеке пати, и конечно целосно активиран на 10 април 2026 година.
Наместо класичен печат во пасошот, системот електронски ги регистрира влезовите и излезите на државjани од земји надвор од ЕУ. При prvата регистрација се земаат фотографиjа, отпечатоци од прсти и податоци од патниот документ. Европската Комисиjа наведува дека системот е целосно оперативен и дека се применува во 29 европски земји.
Важна промена со директни последици е тоа што при секое следно влегување во Шенген зоната, системот повторно ве евидентира. Нема еднократна регистрациjа по коjа поминувате побрзо. Секоj влез е нова постапка.
Дополнителната промена е тоа дека системот автоматски го следи дали некоj ги прекршил правилата за 90-дневен престоj во период од 180 дена. Ова за Македонците коишто летуваат значи дека заборавениот ден над дозволеното пред неколку години може да искрсне на граница.
Колони на аеродроми низ Европа: Македониjа ниjе исклучок
Проблемот не е само на Евзони. ЕЕС создаде хаос на повеke аеродроми во Европа уште при стартот.
Авиокомпаниите, како Ryanair, и организациите Airlines for Europe (A4E) и Советот за меѓународни аеродроми предупредуваат дека доцнењата доведуваат до пропуштени летови и финансиски загуби. Откако Грциjа привремено ги олесни новите гранични правила на ЕУ за туристите од Велика Британиjа пред неколку недели, Италиjа и Португалиjа сега се споменуваат како следните земји кои би можеле да го сторат истото, со цел да се избегнат сериозни гужви и хаос на аеродромите пред летната туристичка сезона.
Шемата е jасна, земjите кои имаат туристичка и дипломатска тежина добиваат исклучоци. Британците со пет милиони посети годишно во Грциjа добиjа ослободување со едноставна одлука. Прашањето е коjа тежина ја има Македониjа во истата равенка.
Србиjа добила ветување. Македониjа чека
Регионалниот контраст е директно релевантен за македонскиот турист.
Грциjа наjверojатно нема официjално да го суспендира новиот систем за влез во Европската Униjа за граѓаните на Србиjа, но се очекува негова привремена суспензиjа во текот на летниот период со цел да се избегнат големи гужви на границите. Jелена Вуjиќ Обрадовиќ, генерален конзул на Србиjа во Солун, изjавила за ТВ Прва дека иако нема да има официjален документ коj би jа потврдил суспензиjата, постоjат ветувања и уверувања засновани на добрите односи меѓу двете земjи. Ова засега е усно ветување, без документ и засновано на добри односи. Тоа е резултат на дипломатска активност на Белград.
За Македониjа, официjален одговор се очекува по 15 маj. Во зависност од одговорот на грчките власти, можни се две сценариjа. Ако се изземат Македонците од новиот европски систем, ке се избегнат долги чекања на граница во екот на туристичката сезона. Но ако одговорот е негативен, се очекуваат огромни гужви, километарски колони и повекечасовно чекање на граничните премини.
Туристичките агенции веќe сега добиваат прашања за откажување на аранжмани. Луѓето ги имаат веќе платено резервациите. Одговорот доаѓа по 15 маj, а сезоната почнува на 1 jуни.
„Имаме прекрасни езера”, е одговорот на премиерот
Одговараjки на новинарско прашање дали Владата ке побара одложување на примената на системот во летната сезона, премиерот изjавил: „Jас не би коментирал премногу за тоj начин на однесување. Имаме одредени разговори во рамките на ЕУ како би се надминало тоа. Но, ако претставуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, имаме прекрасни планини, имаме прекрасни места во Македониjа. Jас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера.”
Претходниот ден го рекол истото. Следниот ден го повторил. „Иако вчера имаше одредени кругови кои се обидоа да ме исмejат за тоа што го кажав, jас уште поцврсто стоjам на ставот дека Македониjа е преубава земjа и дека има прекрасни езера, планини, села, кои ке можат да се посетат за време на летниот одмор”, изjавил премиерот.
Прашањето не е дали Македониjа има убави езера. Ги има. Прашањето е дали обврска на државата е да ги заштити правата на своите граѓани да патуваат слободно или да им препорача да останат дома кога тоа патување стане отежнато. Тоа се две различни улоги на државата.
Фактот дека ЕЕС е стандардна процедура за земји надвор од Шенген зоната само го потврдува статусот на земjата како „трета страна”, а секое олеснување зависи исклучиво од политичката волjа на земjите членки. Токму затоа е важно кoj и колку активно лобира. Британциjа добила исклучок за своите пет милиони туристи. Србиjа добила усно ветување. Македониjа добила повик да оди на Охрид.
Правната реалност: исклучоци се можни, но не загарантирани
Според одговор од Европската Комисиjа, правната рамка на ЕЕС не предвидува целосни исклучоци за државjани на одредени трети земjи во подолг временски период. Комисиjата наведува дека е можна флексибилност на конкретни гранични премини и за ограничено време, во исклучителни околности кога чекањето станува прекумерно, но не и траjно или сезонско исклучување на цели национални групи.
Тоа значи, она кое Грциjа неформално и го ветила на Србиjа не е правно загарантирано. Тоа е политичка одлука коjа може да се примени, ограничи или отповика во секоj момент. И Македониjа, ако добие исто ветување, ке биде во иста правна положба: зависна од расположбата на грчкиот граничар тоj ден.
Практичен водич: со или без исклучок, еве што ви треба
Без оглед на тоа каков ке биде официjалниот одговор по 15 маj, подготовката е иста.
Прво, симнете jа апликациjата Travel to Europe, достапна на Google Play и App Store. Таа овозможува претходно внесување на вашите податоци и делумно скратување на времето на граничната контрола. Не ве ослободува од физичко скенирање, но ги забрзува административните чекори.
Второ, за копнените граници планираjте резервно време. Дури и ако Грциjа примени флексибилност, таа не е загарантирана во сите часови и на сите премини. На Евзони во летото во петок попладне, дури и без ЕЕС, редовно се чека. Со ЕЕС, во наjлошото сценарио, тоа чекање може да биде повеkекратно подолго.
Трето, следете ги информациите по 15 маj. Тоа е клучниот датум. Официjален одговор на барањето на Туристичката комора треба да пристигне тогаш. Во зависност од одговорот, планираjте аранжман со или без временска резерва.
Четврто, размислете за алтернативни гранични премини. Доjран е опциjа, иако и таму во шпицот се формираат колони. Предноста е значително помалиот обем на сообраќаj.
Меѓународниот контекст: систем со jасна цел, лоша имплементациjа
ЕЕС е легитимен систем со легитимна цел. Системот е целосно оперативен и се применува во 29 европски земjи. Тоj автоматски го следи 90-дневниот лимит на престоj во рамки на 180-дневен период. Тоа значи поцврста контрола на нелегалниот престоj и подобра евиденциjа на граничните движења.
Но имплементациjата го откри системскиот проблем: инфраструктурата на граничните премини не беше подготвена за биометриски скенирања на масовен обем. Земjите кои имаат поголема туристичка зависност притиснаа за флексибилност. Оние кои поактивно лобираа, добиjа поповолни услови.
Селективната примена на ЕЕС создава ризик од нерамномерна контрола во рамките на Шенген зоната, кое може да jа поткопа првичната цел за унифицирана безбедност. Со поедноставен jазик: ако Британците минуваат без скенирање, а Македонците чекаат два часа, системот не работи унифицирано. Работи селективно. Тоа е правна и политичка неправда, без оглед на тоа дали некоj ке признае дека постои.
Одговорот за Македониjа доаѓа по 15 маj. До тогаш, останува прашањето коjшто никоj не сакал да го постави наjгласно: зошто дипломатската активност дошла толку доцна, откако гужвите веке се виделе, откако викендов веке се чекало на Евзони, наместо месеци порано, кога системот беше познат и наjавен?