Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ на прес-конференција го призна поразот на дешените парламентарни избори во Србија. Тој кажа дека Студентската листа е убедлив победник на изборите со над 135 пратеници, додека неговата СНС освојува околу 100 до 105 пратеници.
Вучиќ се заблагодари на неговите поддржувачи и партиски членови за кампањата и поддршката која што ја добил.
Тој кажа дека паднале во вода лагите на Студентската листа дека тој ќе бега и нема да ги признава резултати, истакнувајќи дека го признава поразот и волјата на граѓаните.
Како што соопшти Вучиќ, неговата листа освоила околу 1,7 милиони гласови, додека Студентската листа освоила 2,2 милиони гласови.
