Кина има повеќе резервина нафта од Америка, Јапонија и Европа заедно

Кина ги поседува најголемите стратешки резерви на нафта во светот, проценети на околу 1,4 милијарди барели, што е повеќе од вкупните резерви на САД, Јапонија и Европа заедно. Овие податоци покажуваат колку брзо големите светски сили се подготвуваат за можни енергетски шокови, војни, санкции и нарушувања на глобалниот пазар на горива.

Според податоци од американската администрација за енергетски информации, стратешките резерви на нафта станале едно од клучните средства на државите во период на растечки геополитички тензии и нестабилност на енергетскиот пазар.

Ситуацијата дополнително се влоши по затворањето на Ормускиот теснец, еден од најважните енергетски коридори во светот, кој предизвика една од најголемите кризи во снабдувањето со енергија во поновата историја.

Стратешките резерви на Кина се проценуваат на 1,397 милијарди барели, со што земјата доминира на светската листа. На второ место се САД со 413 милиони барели, додека Јапонија е трета со 263 милиони барели. Европа има околу 179 милиони барели стратешки резерви.

Вкупно, овие земји контролираат околу 70 проценти од светските копнени резерви на нафта.

Глобалната енергетска стратегија значително се промени по нафтената криза од 1973 до 1974 година, кога ембаргото од големите производители доведе до зголемување на цените на нафтата за околу 300 проценти. Тогаш беше формирана меѓународната агенција за енергија, со цел земјите да создадат стратешки резерви и подобро да се заштитат од идни енергетски кризи.

Од 1974 година до денес, имало неколку координирани ослободувања на резерви, меѓу кои за време на Заливската војна, ураганите Катрина и Рита, кризата во Либија, руската инвазија врз Украина и енергетската криза, како и најновите нарушувања на пазарот. Со растечките глобални тензии, сè повеќе држави ги зголемуваат своите капацитети за складирање на нафта за да се заштитат од идни шокови на пазарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни