Од полноќ дизелот поевтин за четири денари

Согласно одлуката, намалување од четири денари има кај дизелот, зголемување од половина денар има кај Еуросупер БС-98

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ги објави новите цени на горивата и нафтените деривато.

Согласно одлуката, намалување од четири денари има кај дизелот, зголемување од половина денар има кај Еуросупер БС-98, додека цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета.

Од 12.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 89,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,968 (денари/килограм)

Од РКЕ потсетубаат дека ова се највисоките цени и дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни