Од почетокот на векот НБА имаше 12 различни шампиони: Никс ја проширија листата со историска титула

Тимот од „Големото јаболко“ ја прекина долгата пост-шеесетгодишна суша и во финалето ги совлада Сан Антонио Спарс, со што не само што го врати шампионскиот сјај во Њујорк, туку и ја прошири листата на различни шампиони во модерната НБА ера

Со освојувањето на НБА титулата, кошаркарите на Њујорк Никс станаа 12та екипа која во 21 век стигнала до шампионскиот прстен. Тимот од „Големото јаболко“ ја прекина долгата пост-шеесетгодишна суша и во финалето ги совлада Сан Антонио Спарс, со што не само што го врати шампионскиот сјај во Њујорк, туку и ја прошири листата на различни шампиони во модерната НБА ера.

Од почетокот на 2000 година, најуспешна франшиза се Лос Анџелес Лејкерс со шест титули, додека Голден Стејт Вориорс и Сан Антонио Спарс имаат по четири шампионски прстени. Мајами Хит има три титули, а Бостон Селтикс две. По еднаш шампиони во истиот период биле и Детроит Пистонс, Далас Маверикс, Кливленд Кавалирс, Торонто Репторс, Милвоки Бакс, Денвер Нагетс и сега Њујорк Никс.

Триумфот на Никс дополнително го потврдува трендот на честа смена на шампиони во НБА, бидејќи во последните седум сезони титулата ја освоиле седум различни тимови – Торонто, Лејкерс, Милвоки, Голден Стејт, Денвер, Бостон и Њујорк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс