Светското првенство како еден од најголемите фудбалски настани редовно мами милиони луѓе да го пробаат знаењето и среќата и да се обложуваат на одреден натпревар.
Вчера, на Мундијалот се случи најголемото изненадување кога Шпанија не успеа да ја победи репрезентацијата на Зеленортските острови.
Обложувалниците ширум заработија милиони долари од обложувачи кои типувале на Шпанија, но и од оние кои сметаа дека на натрпеварот ќе има многу погодици.
По синоќешното реми освен Шпанците беа разочарани и обложувачите, но еден од нив веројатно цел живот ќе го памети овој меч.
Имено, на платформата Полимаркет еден корисник се обложил за еден милион долари на победа на Шпанија.
Коефициентот за победа на „Фуријата“ беше 1.08 (на еден вложен долар добивка од осум центи) па корисникот се надевал дека со вложени еден милион долари ќе „ќари“ нешто над 85.000 долари.
Но, изненадувањата се дел од Мундијалот, а првото големо изненадување скапо чинеше еден обложувач кој имал уплатено неверојатна сума на пари.
🚨BREAKING: Someone just put $1M on Spain to WIN their match vs Cape Verde today
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 15, 2026
This pays out is $1,085,943.48 on Polymarket pic.twitter.com/7ODo3dJ7Pl