Објавен ИПАРД јавен повик за МЕРКА 7: 14 милиони евра неповратна финансиска поддршка

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци за инвестиции

Денес Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално го објави новиот јавен повик бр. 02/2024 за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.

Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 14 милиони евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра кој ќе покрие 60-75% од прифатливите трошоци за инвестиции во следните приоритетни сектори: Поддршка на руралниот туризам, aлтернативно земјоделско производство, пеработка на алтернативни земјоделски производи, производство на храна и пијалаци,поддршка на занаетчиски активности,поддршка на услуги за руралното население, само следните подсектори: Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.), услуги за дневно згрижување на деца, поддршка на услуги во земјоделството, само следниот подсектор: Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност. Прифатливи трошоци во рамки на инвестициите се изградба/реконструкција на објекти, набавка на нови машини, опрема, фотоволтаици итн.

Јавниот повик ќе трае 45 дена, а крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 20.12.2024 год.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни