Ново силно невреме доаѓа во Македонија: Пороен дожд, грмежи и град во повеќе региони

Метеоролозите предупредуваат на нов бран нестабилно време во Македонија. Денес и утре се очекуваат поројни врнежи, грмежи, силен ветер и локална појава на град.

Македонија денес ќе биде под влијание на атмосферски фронт од север кој носи значителна дестабилизација на времето. Според прогнозите, се очекува променливо облачно и топло време со сончеви периоди, но и развој на грмотевични облаци кои на повеќе места ќе предизвикаат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради високите температури и акумулираната енергија во атмосферата, локално се можни поинтензивни временски процеси во форма на невреме проследено со обилни врнежи, силни електрични празнења и појава на град. Нестабилно време се очекува и во Скопскиот регион, каде што се можни краткотрајни, но интензивни невремиња со силен ветер и пороен дожд.

Метеоролозите апелираат на зголемена внимателност кај граѓаните, особено при движење на отворено и во подрачја каде што постои ризик од локални поплавувања. Дневните температури ќе се движат од 27 до 33 степени Целзиусови, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 31 степен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс