Новиот врховен лидер на Иран се закани со одмазда: „Ќе ја одмаздиме крвта на Али Хамнеи“

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, најави одмазда за смртта на својот татко Али Хамнеи, убиен во американско-израелските напади. И натаму не се појавува во јавност.
epa12796159 A handout photo made available the Iranian supreme leader office shows Mojtaba Khamenei, one of the children of Iran’s slain supreme leader Ayatollah Ali Khamenei, during a ceremony 03 October 2024 (issued 05 March 2026). EPA/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолах Моџтаба Хамнеи, порача дека одмаздата за убиството на неговиот татко и претходен врховен лидер Али Хамнеи е „барање на нацијата“ и дека „сигурно ќе се случи“. Во писмена порака објавена на неговиот официјален канал на Телеграм, Моџтаба Хамнеи наведе дека Иран ќе ја одмазди смртта на својот татко и на сите загинати во, како што ги нарече, „двата воени конфликта“.

„Ветуваме дека ќе ја одмаздиме крвта на маченичкиот лидер и на сите маченици од овие две војни, предизвикани од злосторничките и посрамотени убијци“, се наведува во пораката.

Пораката беше објавена по повод погребните церемонии за Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари во американско-израелските воздушни напади.

Али Хамнеи погребан во Машхад

Иранската државна телевизија соопшти дека Али Хамнеи е погребан во најзначајното шиитско светилиште во земјата, во градот Машхад. Неговиот син и наследник Моџтаба Хамнеи, кој беше прогласен за врховен лидер на почетокот на март, сè уште не се појавил во јавноста. Според ирански извори, тој бил повреден во истиот напад во кој загина неговиот татко и сè уште закрепнува.

Неговата локација останува тајна

Иако редовно објавува писмени соопштенија, досега не е објавена ниту една негова фотографија, видео или аудиоснимка по преземањето на функцијата. Според високи извори од Техеран, иранските безбедносни служби намерно ја ограничуваат неговата јавна изложеност поради страв од нови можни американски напади.

Заканата со одмазда доаѓа во период на исклучително високи тензии меѓу Иран, САД и Израел, по повеќемесечната ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс