Нови цени на горивата од полноќ: бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Регулаторната комисија за енергетика објави нови цени на горивата во северна македонија. од 27 мај бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 0,50 денари, додека дизелот останува без промена.

Регулаторна комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од полноќ на 27 мај бензините ќе поскапат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета.

Според одлуката, малопродажните цени на горивата во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната корекција.

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87,50 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89,50 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство – 94 денари за литар
  • Мазут М-1 НС – 51,144 денари за килограм

Од РКЕ информираат дека иако референтните цени на светските пазари бележеле намалување, врз конечната пресметка влијаел повисокиот курс на денарот во однос на американскиот долар.

Цената на мазутот исто така се зголемува, и тоа за 0,330 денари по килограм.

Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност горивата да ги продаваат и по пониски цени

е-Трн да боцка во твојот инбокс