Нова изложба во МСУ – „Прекршено време“: Уметноста која го предизвикува минатото и создава нови наративи!

На 28 ноември, во 20 часот, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ја отвори изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“, која ќе биде достапна за посетители до 30 март 2025 година. Оваа изложба, која се одржува по повод 60-годишнината од основањето на МСУ, ја носи моќната идеја на „заборавените“ уметнички приказни и нивната нова интерпретација. Кураторскиот тим (Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља) постави дела кои истражуваат теми како што се колонијалната историја, феминизмот и хегемониската експлоатација, поставувајќи ја колекцијата во дијалог со современите уметнички дела од Глобалниот југ и поранешна Југославија.

Изложбата нуди уникатна можност за публиката да ги доживее делата на светски познати уметници, како и нови изведби на актуелни теми, преку специфични наративи кои ретко се претставуваат на ваков начин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс