Нова ЕУ регулатива од 1 јули: Паметни тахографи стануваат задолжителни и за лесни комерцијални возила

Од 1 јули ЕУ воведува обврска за паметни тахографи и за лесни комерцијални возила од 2,5 до 3,5 тони во меѓународен транспорт, со цел подобра контрола на возењето и работното време на возачите.

Од 1 јули стапуваат во сила нови правила на Европската Унија со кои дел од лесните комерцијални возила и комбиња ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од новата генерација (G2V2).Според новата регулатива, обврската се однесува на возила со максимална дозволена тежина од 2,5 до 3,5 тони (вклучително и приколка) кои учествуваат во меѓународен превоз или каботажа во рамки на ЕУ.

Што ќе бележат новите уреди?

Паметните тахографи ќе имаат задача да регистрираат:преминување на државни граници, места на утовар и истовар иработно време и активност на возачот

Кои возила се опфатени?

Обврската се однесува на сите лесни комерцијални возила и комбиња во опсег од 2,5 до 3,5 тони што се користат за меѓународен транспорт на стока.

Сепак, од правилото се изземени:возила што се користат за транспорт на материјали на градилишта во радиус до 100 километри, возила за некомерцијална употреб,транспорт на рачно изработена стока, под одредени услови

Широка примена во Европа

Новите правила не важат само во земјите од ЕУ, туку и во Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Велика Британија. Дел од меѓународните договори за работно време на возачи (AETR) не се опфатени со оваа мерка.До сега, тахографи беа задолжителни само за возила над 3,5 тони, но новата регулатива постепено ја проширува контролата и врз полесните комерцијални возила во меѓународниот транспорт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс