Нов вооружен напад во училиште во Турција има загинати

Цел на нападот било училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, при што според првичните информации има загинати четири лица

Вo Турција повторно се случи вооружен напад во училиште.

Цел на нападот било училиштето „Ајсер Чалик“ во градот Кахраманмараш, при што според првичните информации има загинати четири и повредени околу 20 лица.

Инцидентот се случил во општината „12 Февруари“, каде што од училиштето се слушнале истрели, по што веднаш била наредена итна евакуација на учениците и персоналот. На местото на настанот за кратко време пристигнале бројни полициски и медицински екипи.

Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, во првата изјава потврди дека станува збор за вооружен напад и дека има повредени, додавајќи дека ситуацијата е сериозна и сè уште се развива.

„Во моментов има напад. Во едно наше училиште се случи тажен инцидент. Имаме информации за повредени лица и случајот се истражува во детали“, изјави Унлуер.

Причините за нападот засега не се познати, а надлежните институции работат на расчистување на сите околности. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни