ДенесМакедонија се разбуди со променливо облачно време, а во дел од котлините со утринска магла. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на денот ќе има и повремени сончеви периоди, додека во западните делови од земјата се можни слаби локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе засилува.
Во Скопје се очекува претежно облачно време, со утринска магла во делови од котлината и умерен ветер од јужен правец.Температурата во Скопје ќе се движи од околу 10 до 16 степени Целзиусови. Веројатноста за дожд е мала, а најтопло се очекува да биде во попладневните часови.
Според прогнозите, во следните денови ќе има поголеми температурни осцилации. Во петок се очекува значително потопло време, со максимални температури до 23–24 степени во Скопје, додека за сабота се најавува ново заладување и зголемена можност за дожд.
