Сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол, по што сообраќајот на оваа делница е во прекин.
Според првичните информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички.
На местото на несреќата интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега нема официјални информации дали и колку лица се повредени.
Поради судирот, сообраќајот на патниот правец Стража – Кичево е во прекин и се пренасочува по споредни патишта.
Полицијата врши увид на местото на несреќата, по што се очекуваат повеќе детали за причините и околностите под кои дошло до судирот.