Неочекуван крај на полуфиналето: Ѓоковиќ ќе се бори за седма титула во Пекинг

Ѓоковиќ сега има можност да ја освои седмата титула во Пекинг, а со пласманот во финалето ја продолжи победничката серија на турнирот на 33 меча

Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на турнирот во Пекинг, откако неговиот противник Данил Медведев беше дисквалификуван по инцидент со гледач во завршницата од мечот.

Српскиот тенисер го освои првиот сет со 7:5 и водеше со 5:3 во вториот, кога Медведев, по загубен поен, удри топче што се одби од ѕидот. Топчето заврши на трибините и погоди гледач во левото око. Човекот ја напушти трибината со помош на персоналот, а рускиот тенисер беше дисквалификуван.

Ѓоковиќ сервираше за победа, при резултат 15:15 во гемот, но дуелот заврши со судиска одлука пред да бидат одиграни преостанатите поени.

Во финалето на 6 октомври негов противник ќе биде Австралиецот Алекс де Минор. И второто полуфинале заврши предвреме: Хуберт Хуркач го предаде мечот додека Де Минор водеше со 6:4 и 3:2.

Ѓоковиќ сега има можност да ја освои седмата титула во Пекинг. Со пласманот во финалето ја продолжи победничката серија на турнирот на 33 меча и обезбеди враќање во првите десет на АТП-листата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс