Е-рикши се возила од мотоцикл-велосипед со три тркала кои работат на електрифицирани оловни батерии. Со нивниот потенцијал за нула емисии на штетни гасови, овие рикши стануваат главен избор кога се работи за јавен превоз во неколку азиски земји. Така, не само во САД, туку електричните рикши го заземаат светот.
Во Индија, само лани околу половина од продажбата на електрични возила ја сочинуваа токму електричните рикши. Сепак во САД продажбата на вакви возила иако е интересна за потрошувачите е многу мала, скоро не забележителна.

Познавачите сметаат дека брзиот интерес за купување на овие елктрични возила е во тоа што тие всушност не се автомобили, туку рикши (велосипед-мотоцикл со три тркала). За кратко време од неколку месети тие станаа најпопуларниот начини за патување како јавен превоз.
Според Atlantic Reports, во последните неколку години, електричните рикши секојдневно се повеќе ги заземаат улиците. Сепак,иако важат за еколошки возила, ниту владата ниту производителите на еко автомобили не ја поттикнаа идејата за електрични рикши. И покрај тоа тие напредуваат, бидејќи само по себе се интересен факт.

Сè започна пред околу 15 години кога цените на оловните батерии паднаа, а луѓето кои возеа рикши како такси почнаа да бараат начин да ги направат на обновлива енергија. Ова доведе до појава на голем број независни претприемнички продавници кои почнаа да увезуваат автоделови од Кина за да направат свои електрични рикши. Главната идеја зад оваа иницијатива беше да се направат и продаваат евтини рикши.
По тоа, идејата го привлече вниманието на производителите на автомобили кои потоа почнаа да нудат свои верзии. Во палетата на електрични патнички рикши е вклучена и Mahindra e-Alfa со 2 КС и цена од околу 1.800 долари.
Подемот на електричната рикша е од исклучителна важност за земји како Индија каде што загадувањето на воздухот е голем проблем веќе со години. Според анализите електричната рикша има за 3 до 6 пати помали количини на јаглерод диоксид, годишно. Овој сооднос, велат познавачите, е приближно ист како автомобил што испушта штетни гасови годишно во САД.
Според познавачите користењето на е-рикша има сериозен потенцијал за да се намали загаденоста на воздухот, на долг рок.