Search

Некоја храна не се замрзува, а има и зошто

Специјалистите за храна од американскиот универзитет во Џорџија, направија своја листа на намирници кои ги менуваат своите својства откако ќе бидат замрзнати.

На списокот се најдоа различни зеленчуци, зачини, но и други зготвени нешта.

Кај зеленчукот, на врвот на листата се краставиците, зелката, зелената салата, целерот и магдоносот, за кои се препорачува да се конзумираат свежи, како салата.

Замрзнувањето, а потоа и одмрзнувањето може негативно да влијае на хранливата вредност на зеленчукот богат со вода, бидејќи доаѓа до оксидација, како и загуба на дел од хранливите состојки.

Никогаш не треба да замрзнувате ферментирани млечни производи, бидејќи по одмрзнувањето ќе добиете неквалитетна храна, особено сосеви кои се на база на млеко (или павлака). Меѓу другите храни, се препорачува никогаш да не се замрзнуваат белки од јајце (варени) или преливи во кои има белка од јајце.

Во делот на зачините, дел од нив по замрзнувањето добиваат нагласено засилен вкус (бибер, лук, целер), додека аромата на кари станува непријатна и потсетува на мувла. Кромидот и црвениот пипер од замрзнувач исто така излегуваат со сменета арома, како и солта која освен што го губи препознатливиот имиџ, кај храната што е богата со незаситени масти предизвикува оксидација и лош мирис (ранцидност).

Извор: e-klinika.rs

Најново

Последни колумни