Неделна прогноза за Македонија: температури до 34°C и локално невреме од 8 до 14 јуни

Следната недела во Македонија се очекуваат пријатни летни температури од 26 до 34 степени, но и локални попладневни невремиња со дожд, грмежи, ветер и можен град.

Во периодот од 8 до 14 јуни во Македонија се очекува стабилно, но типично летно време со пријатни температури на воздухот, без најава за екстремен топол бран од Африка. Утринските температури ќе се движат во интервал од 11 до 18 степени, додека дневните максимални вредности ќе достигнуваат од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината се очекуваат утрински температури од 16 до 18 степени, а дневни максимуми меѓу 30 и 33 степени.

Иако врнежите во овој период ќе бидат под просекот за јуни, во текот на попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност. Поради продор на посвеж воздух од север на висина, можно е формирање на конвективни грмотевични облаци.

Овие процеси локално може да предизвикаат пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а не се исклучува ниту појава на краткотрајно невреме со интензивен дожд и град. Во целина, следната седмица носи летни температури и претежно пријатни услови, но со повремена нестабилност во попладневните часови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс