Овен
Работа: Сонцето и Меркур во вашето осмо поле, поврзано со приходите и расходите, ќе ве поттикнат да размислувате за поголеми инвестиции, како купување или продажба на стан или започнување нов бизнис. Сепак, бидете внимателни пред да преземете такви чекори.
Љубов: Кај оние што се во врска можни се расправии и меѓусебни обвинувања. Обидете се да најдете компромис и не создавајте ѕид меѓу себе и партнерот. Искрениот разговор ќе ги растера сомнежите. Слободните би можеле да започнат страсна врска исполнета со силна физичка привлечност.
Здравје: Концентрацијата значително ќе ви се подобри, а ќе имате и доволно енергија. Сепак, можно е да ве мачи изразена несоница или премногу да ве вознемират туѓи проблеми и тешката животна ситуација на некоја блиска личност.
Најдобар ден: 21 ноември
Најлош ден: 18 ноември
Бик
Работа: Влегувате во предизвикувачки период, па обидете се подобро да се концентрирате. Можни се интриги и игри зад грб на работното место, како и разочарување од некои деловни соработници. Сепак, со упорност ќе успеете да ги остварите своите цели.
Љубов: Избегнувајте доминација и тврдоглавост, бидејќи тоа нема да ѝ се допадне на личноста што ви се допаѓа. Можни се непријатни ситуации токму кога ќе сакате да се покажете во најдобро светло. Држете се до златната средина и не одете во емоционални крајности.
Здравје: Во споредба со минатата недела, ќе бидете порасположени. Почесто ќе излегувате, ќе се занимавате со хобија и со активности што ви носат душевно задоволство. Сепак, поради влијанието на Скорпијата, внимавајте на вирусни инфекции и грип.
Најдобар ден: 15 ноември
Најлош ден: 17 ноември
Близнаци
Работа: Навреме забележете ги промените што ќе се случуваат во вашата работна средина. Можеби ќе треба повеќе да се докажувате за да ја потврдите својата стручност и професионалност. Тоа ќе биде идеална можност да го покажете своето знаење.
Љубов: Планетите ќе ја зголемат блискоста меѓу вас и партнерот. Кога саканата личност ќе посака поголема интимност, не барајте изговори дека сте уморни. За слободните, неделата би можела да биде најава за прекрасна романса, па би било штета поволните денови да ги поминат дома.
Здравје: Здравствените тегоби би можеле да се засилат, затоа не го одложувајте одењето на лекар. Превентивно работете на зајакнување на имунитетот и внимавајте на исхраната. Јадете повеќе овошје и зеленчук.
Најдобар ден: 16 ноември
Најлош ден: 19 ноември
Рак
Работа: Ќе бидете вешти во инженерските, градежните и спортските активности. Големата работна енергија ќе ве поттикнува да работите и да се истакнувате. Благодарение на личната харизма и привлечност, полесно ќе го пробивате патот кон успехот.
Љубов: Потпрете се на сопствената процена кога ќе се соочите со семејни проблеми. Вашата логичка процена во многу ситуации ќе се покаже како исправна. Слободните би можеле да се заинтересираат за деловно успешна личност и да бараат начин да остварат средба.
Здравје: Оптимизмот и енергичноста ќе ви бидат на високо ниво. Ќе го привлекувате вниманието со ведриот настап, а многумина од вас ќе започнат повеќе да се занимаваат со спорт. Неделата е одлична и за третмани за разубавување.
Најдобар ден: 18 ноември
Најлош ден: 21 ноември
Лав
Работа: Бурните промени, реорганизацијата и поемотивниот однос со колегите би можеле да ве исцрпат. Не преземајте премногу одговорности. Повлечете се додека деловната ситуација не созрее за ваша реакција.
Љубов: Верувајте во својата привлечност. Вашата страст ќе биде неодолив магнет за спротивниот пол. Би можеле да почувствувате силна привлечност кон личност која се истакнува со широчината на духот. Големи се шансите чувствата да бидат обострани. Во брачните односи ќе има сè повеќе хармонија.
Здравје: Внимавајте на здравјето. Неповолното влијание на Меркур би можело да придонесе за пад на имунитетот и посилна настинка или вирусна инфекција. Внесувајте повеќе овошје во исхраната и пијте доволно течности.
Најдобар ден: 21 ноември
Најлош ден: 17 ноември
Девица
Работа: Кратко патување или средба со деловен партнер ќе ви донесе нови информации, знаења или контакти што би можеле да ви користат во иднина. Се наоѓате во одличен деловен период, па успесите нема да ве заобиколат.
Љубов: Малку дрскост нема да ви наштети, а со оглед на тоа што планетите ве штитат, можете да си го дозволите тоа. Пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа – ќе бидете неодоливи! На оние во брак им се советува да ја разбудат заспаната љубовна страст, која ќе им помогне повторно да ја изградат довербата со партнерот.
Здравје: Ќе чувствувате вишок енергија, која би било добро да ја насочите кон спортски активности. Не претерувајте во ништо, особено со храната и со премногу интензивниот ноќен живот. На телото му е потребен одмор.
Најдобар ден: 15 ноември
Најлош ден: 20 ноември
Вага
Работа: Бидете поодлучни во остварувањето на целите и внесете повеќе ред во работниот ден. Многумина од вас ќе ги подобрат приходите и ќе започнат подобро да заработуваат. Припадниците на овој знак што се занимаваат со бизнис ќе бидат полни со иницијатива и добри идеи.
Љубов: Добро расположение, подготвеност за смеа и забава сигурно ќе придонесат за поквалитетен и поразновиден љубовен живот. Можно е силно да се заљубите, да заборавите на сè што било досега и да тргнете по сосема нов пат.
Здравје: Малку сте исцрпени, но не сте изложени на посериозни здравствени проблеми. Вечерните прошетки ќе ви помогнат да се опуштите и смирите. Навечер не гледајте телевизија предолго – пораното легнување повеќе ќе ви годи.
Најдобар ден: 16 ноември
Најлош ден: 21 ноември
Скорпија
Работа: Блиското опкружување ќе ви даде насоки за понатамошно дејствување, а сега останува со сопствен труд да ги завршите започнатите работи. Ќе бидете одлични во комуникацијата и на патувањата, но и на деловните средби, во пишувањето и учењето.
Љубов: Би можеле да се впуштите во авантура или да започнете тајна врска. Слободните може да сретнат личност од минатото – преиспитајте ја силата на своите чувства! Ако сте во брак, често ќе се сомневате во партнерот, иако нема да постои конкретна причина за тоа.
Здравје: Сè уште сте во чувствителен период поради Марс, кој прави неповолни аспекти со вашиот знак. Изложени сте на стрес и нервоза, а најмногу ќе ве погоди разочарувањето од некои луѓе. Внимавајте на воспаленија и повреди.
Најдобар ден: 18 ноември
Најлош ден: 17 ноември
Стрелец
Работа: Дејствувајте дискретно, а обврските што мора да ги завршите исполнете ги коректно и чесно. Постои зголемена можност за озборувања и интриги на работното место, па внимавајте кому му се доверувате и кому му верувате.
Љубов: Ако не сте задоволни од љубовниот живот, ве очекуваат промени. Ќе ставите крај на лошата врска и ќе продолжите понатаму. Ако сте во врска со личност со значителна разлика во годините, ќе мора да се приспособите на нејзините навики и поинаков животен стил.
Здравје: Слободното време посветете си го себеси. Се чувствувате слободно и енергично, а тоа се забележува и однадвор. Ова е идеално време да се запишете на фитнес-тренинг и да се ослободите од вишокот килограми.
Најдобар ден: 16 ноември
Најлош ден: 20 ноември
Јарец
Работа: Ќе бидете одлични во деловните преговори и во сите ситуации што бараат вештина и убедливост. Слободно заминете на деловно патување или решете ги проблемите што го попречуваат вашиот професионален развој.
Љубов: Недостигот од доверба и неусогласените интереси ќе дојдат до израз во овие денови. Оние што се во проблематични врски би можеле да го сфатат тоа како знак дека треба да си заминат. Оние во брак, пак, ќе мора да ја контролираат потребата за доминација и да покажат поголема попустливост.
Здравје: Ќе бидете полни со енергија и постојано во движење. Деновите ќе ги искористите за прошетки, возење ролери или велосипед, доколку временските услови го дозволуваат тоа. Нема да имате поголеми здравствени проблеми, а и психички ќе се чувствувате одлично.
Најдобар ден: 15 ноември
Најлош ден: 21 ноември
Водолија
Работа: Можно е да дојде до несогласувања со претпоставените поради вашиот бунтовен став и отпорот кон промените и новите околности. Би можеле да добиете и нов шеф во кого нема да имате доверба. За почеток, обидете се да се приспособите.
Љубов: Силно ќе ве привлекуваат образовани личности. Интересен и интелигентен соговорник, со кого имате за што да разговарате и од кого можете нешто да научите, би можел да ви го освои срцето. На долгите и помалку истрошени врски добро би им дошла привремена разделба.
Здравје: Извор на вашите грижи и незадоволство ќе биде деловната ситуација, но некои решенија на тоа поле сепак ќе ви донесат олеснување. Ќе чувствувате силна исцрпеност и замор, а некои од вас би можеле да имаат проблеми со ‘рбетот.
Најдобар ден: 17 ноември
Најлош ден: 15 ноември
Риби
Работа: Учењето странски јазици, полагањето испити и патувањата се активности што ќе ви донесат успех. Контактите со странство и со странските соработници ќе бидат особено поволни. Отворете се за нови искуства.
Љубов: Оние што се во врска нека внесат нешто ново во интимниот живот. Насочете ја фантазијата и креативноста кон повторно разгорување на страста. Слободните ги очекуваат весели возбудувања и позитивни пресврти, а можно е и познанство со личност што живее подалеку – во друг град или во странство.
Здравје: Расположението ќе ви се подобри и често ќе бидете ведри. Ќе ве привлекуваат алтернативните методи за грижа за здравјето, па би можеле да посегнете по чаеви или да започнете да практикувате медитација. Сепак, внимавајте на повреди и воспалителни процеси.
