Голем број на македонски туристи ги посетуваат морињата во Грција, Албанија, Хрватска, а често имаат контакт со медузи, а нивното пецкање може да биде многу непријатно. Допирањето може да предизвика силно чувство на болка, а може да ви го расипе одморот.
После допирот, често останува депигментација на кожата, па дури и лузна. Медузата расте до 20 сантиметри во должина, живее на длабочина до 10 метри каде што плови и повремено плива.
Доколку ве касне медуза во морето, важно е да не паничите, туку да излезете на брегот и да ја измиете раната со морска вода за да ги отстраните пипалата. Не користете обична вода, затоа што пипците ќе се залепат за кожата.
Ако сте во можност истурете оцет на местото на каснувањето, или може да помогне и сок од лимон. Обично се јавува алергиска реакција, но тоа не е ништо опасно. Меѓутоа, ако областа на реакцијата е поголема од дланка и се појават поголеми плускавци, треба да се јавите на лекар.
Фото: pexels
Извор: index