Научен собир „65 години италијански студии при УКИМ“ во рамки на светската недела на италијански јазик

Научен собир „65 години италијански студии на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје“ денеска се одржува во свечената сала на Ректоратот на УКИМ.

Организатори на дводневниот научен собир се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Според прграмата, на отворањето на собирот ќе се обратат проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, раководител на Катедрата за италијански јазик и книжевност, проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје,  проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и италијанскиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри. Видео обраќање ќе има Дача Мараини, почесен гостин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс